Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање воздухот денеска е загаден во сите скопски општини.
Во Лисиче се измерени 119,28 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, во Карпош 98,99, кај Ректорат 96,37, Центар 80,22 и во Гази Баба 73,13.
Во Битола се регистрирани 128,33 микрограми, Кичево 101,92 и Тетово 90,59 микгрограми.