Насловна / Архитектура / Воздухопловна база на Uber по проект на Норман Фостер

Воздухопловна база на Uber по проект на Норман Фостер

Убер одлучил да го освои небото!
Skyport во Santa Clara ја претстави визијата на архитектонската фирма Foster + Partners за идната воздухопловна база за нови летала кои ќе превезуваат патници на подрачјето на заливот Сан Франциско.

1
Почнувајќи од 2016. година Uber Elevate соработувал со државни органи и компании за да развие прва воздухопловна мрежа со сигурни и тивки електрични Uber Air возила. Оваа иновативна компанија со која веќе се вози пола Америка, планира со своите нови воздушни летала да превезува десетици илјади луѓе меѓу градовите и тоа по многу пристапни цени.
Santa Clara Skyport, чија изградба се планира на локација која е во сопственост на Related, партнерот на Uber, замислена е како како главна сообраќајна артерија. Планирано е во ист време да можат да се полнат пет летала, а подрачјата за слетување и полетување се одвоени од оваа зона.
Проектот го потпишува Норман Фостер, кој ја осмислил оваа база како еден аеродром. Она што може да се види на рендерите е современа челична конструкциј со аморфна форма и проѕирна структура.

2
„Воодушевени сме од соработката со Related на проектот Uber Air, кој претставува клучен фактор за префрлање на Uber транспортната платформа на нови висини. Заедно ќе се трудиме да поттикнеме понатамошни иновации кои ќе помогнат во подобрување на урбаната мобилност во градовите ширум светот“, вели Eric Allison, директор на Uber Elevate.
Првите градови кои најавија имплементација на овој превозен систем се Далас, Сан Франциско, Лос Анџелес и Тексас.

Испрати коментар

Scroll To Top