Насловна / Вести / Воз претворен во болница претставен во Милано

Воз претворен во болница претставен во Милано

Првиот воз претворен во интензивна нега во Италија претставен e на централната железничка станица во Милано и е во состојба да пренесува и лекува пациенти во специјално опремени вагони. Возот ќе и служи на целата земја во моменти како пандемија или климатска катастрофа.

bb2

Возот болница може да пренесе и до 21 пациент на респиратор и ќе патува од север до југ, насекаде во Италија, каде е потребна медицинска помош, во овој момент поврзана со епидемијата на ковид 19, како и во странство. Може да се користи и како болница доколку другите здравствени структури немаат слободни места за нови пациенти.

bb

Возот има осум вагони и две локомотиви, секоја на другиот крај од возот.

Се состои од три вагони посветени на лечење на најтешките пациенти, т.е. оние кои се на апарати за дишење, во два вагона има техничка служба од која зависи функционирањето на целиот воз.

Двата вагона се наменети за спални соби за персоналот, како и за здравствено-техничка координација, а тука е и филтер зоната која е неопходна да се премине од заштитената и чиста зона во оперативната. Еден вагон е магацин за сите потребни медицински материјали.

bb1

Максималниот број на здравствени работници кои можат да бидат во возот е 45, вклучително и техничкиот персонал.

Возот е опремен со 21 респиратор, еден ултразвук, два апарата за хемогас, 21 монитор, три уреди за следење и друга опрема.

Благодарение на донацијата од 260.000 евра од фондацијата „Елизабет Франки“, овозможено е возот да биде снабден со потребните инструменти за спасување животи.

bb4

Во исто време, во Рим беше претставен и првиот воз хаб Roma Termini, благодарение на соработката на регионот Лацио, италијанскиот Црвен крст и италијанските железници, во кој е можна вакцинација.

Овој воз има 21 место за вакцинирање, од кои две се посветени на инвалиди.

Кога ќе работи „со полно работно време“, се предвидува дека ќе вакцинира до 1.500 луѓе на ден.

bb3

Испрати коментар

Scroll To Top