Насловна / Архитектура / Воз кој минува директно низ станбена зграда стана светска атракција (ВИДЕО)

Воз кој минува директно низ станбена зграда стана светска атракција (ВИДЕО)

Кој е неприкосновен светски лидер според иновациите во железничкиот сообраќај е јасно со години, а необичниот воз што минува низ станбена зграда е само уште еден доказ по ред.

И одговорот е: Кина! Оваа земја е во состојба да стори скоро се што може да се замисли, особено ако е потребно да се заштеди простор.

voz

Така, еден град во Кина постави нови стандарди кога станува збор за железници и архитектура. Тоа е градот Чункинг во кој возот минува директно низ станбена зграда.

Интересно е што станарите на оваа зграда воопшто не се жалат на ова решение, бидејќи, како што велат, возот е скоро нечуен.

Како изгледа сето тоа, можете да се види на видеото, а кое ги воодушеви луѓето ширум светот. Ова видео направи многу туристи во Кина да го посетат овој град со цел да го доживеат ова необично искуство на едно возење.

 

Испрати коментар

Scroll To Top