Нов и убав свет оживува кога ќе настапат ноќните часови, со своите разиграни светла и брилијантни бои …
Онаму каде што грубите нордиски предели исчезнуваат во немирните мориња, без сомнение претставуваат вистински места за создавање дом кој овозможува уживање во навидум безвременско постоење. Северна Норвешка нуди токму едно такво единствено, затскриено место каде е изградена куќата Infinity House, дело на архитектот Владимир Коновалов, стациониран во Ротердам. Монохроматското ремек-дело го одразува фокусот на неверојатниот планински пејзаж и бесконечниот спокој на надворешниот свет, со стаклени sидови кои гарантираат дека сопствениците на куќата никогаш нема да пропуштат ниту еден негов звук или детал.
Луксузната куќа е изградена со уникатен бетонски екстериер, задолжен за прекинување на големите транспарентни sидови, бесконечен базен на покривот и темна единица за бања заради подобар контраст. На своите сопственици, овој луксузен дом им нуди вистинско засолниште од градската врева, без разлика дали се авантуристи во срцето или едноставно сакаат да избегаат од секојдневниот живот, патувајќи во нешто што делува како вонземски свет и околина од друга планета.
Боите се потполно туѓи во овој дизајн, обележан со црни полици, бели позадини и сиви акценти, кои заедно доминираат во неговата палета. Кровниот базен со вградено греење е одвоен на два различни дела, пливачка страна и местото за одмор. Мермерниот кујнски остров дополнително внесува софистицираност и луксузен стил во ентериерот, со големи драперии задолжени за лесен премин од неверојатна панорама до целосна приватност.