Огромна суша ја погоди Сицилија, поради што пресушило природното езеро Пергуса, кое некогаш имало површина од 1,8 квадратни километри. Езерото е значајно за миграцискиот пат на голем број птици, а огромна штета трпи и земјоделството. Во последните 12 месеци на Сицилија паднале само 250mm дожд, па затоа владата прогласила вонредна состојба.
Од италијанското зружение на еколози Lemgabiente, соопштуваат дека водената површина речиси целосно исчезнала и останало видливо нешто налик на бара. На Сицилија веќе долго се борат со високите температури, а во 2021 година ги имаа најголемите температури во Европа. Еколозите предупредуваат дека станува збор за една од најголемите еколошки катастрофи и дека се заканува трајна штета за биодиверзитетот.