Претседателката на Европската комисија, Ursula von der Leyen, и официјално ја подигна зададената цел, така што Европската унија ќе настојува до 2030 година да ги намали емисиите со ефект на стаклена градина за 55%. „Никаде потребата за брзо дејствување не е толку итна како во врска со иднината на нашата планета. Иако голем дел активности во светот се закочени поради примената ан мерките, планетата и натаму опасно се загрева. Тоа го гледаме секаде околу себе: од куќи евакуирани поради откинување на глечери на Монблан, преку пожари ширум Орегон, до уништените посеви во Романија поради незапамтените суши. Нема да успееме ако остане статус кво. Мора да одиме побрзо и подобро да дејствуваме“, изјавила von der Leyen.
Европската унија ќе делува на одговорен начин, базиран на докази, па така нејзиното извршно тело предлага целта за намалувањето на емисиите до 2030 година, да се зголеми на барем 55% во споредба со состојбата од 1990 година. Актуелната цел е 40%. Von der Leyen потсетува дека добила писмо потпишано од околу 170 компании, инвеститори и бизнисмени, кои бараат редефинирање на целта на намлаку 55%. Меѓу потписниците се Microsoft, IKEA, Deutsche Bank, Unilever, H&M, Google и EDF. Со оваа нова цел, ЕУ цврсто ќе се постави на патеката на климатската неутралност пред 2050 година и исплонувањето на обврските од Парискиот договор. Економијата забележала раст од над 60% од 1990 година, а емисиите се намалиле за 25%.
Von der Leyen ветила дека ќе биде унапреден ситемот во кој се тргува со сертификати за емисија, и изјавила дека зелената трансформација ќе ја намали зависноста од увоз со отворање на нови работни места и преполовување на емисиите. Моменталната потрошувачка на суровини, енергенти, вода и храна не се одржливи, подвлекла таа, и рекла дека инсистира на промена во односот кон природата и начинот на производство и потрошувачка, но и во сообраќајот. Бриселската администрација ќе се позанимава со секој предизвик, а особено ќе бидат фокусирани на зелениот водород, одржливоста на зградите и примената на паметните технологии.
Таа открила дека наскоро ќе го претстави пакетот за опоравок на Западен Балкан, со акцент на повеќе регионални инвестициски иницијативи. Што се однесува до планираниот механизам за прекугранично прилагодување на јаглеродот, односно данокот на јаглерод диоксид, Von der Leyen рекла дека тој највеќе би требало да ги мотивира странските производители и увозници во ЕУ да ги намалат емисиите. Во извештајот за законот на ЕУ за климата, кој е усвоен во одборот на Европскиот парламент, пратениците бараат од извршната власт на унијата од 2025 година да ги укине субвенциите за фосилни горива. Во документот стои дека сите земји членки треба и поединечно да станат јаглеродно неутрални до 2050 година.