Компанијата „Волво“ го претстави новиот целосно електричен автобус Volvo 7900 Electric, кој сега е опремен со батерија со поголем капацитет. Сега во понудата се три батерии, од 150, 200 и 250 kWh, а најголемата овозможува домет од 200 km. Кога станува збор з аполнењето, „Волво“ и понатаму се потпира на CCS Combo полнењето, како и Opp Charge. Првите испораки на оваа подобрена верзија на електричниот автобус се очекуваат кон крајот на 2018 година.