Според актуелните медиумски извештаи, Volvo ќе го пресели своето производство на електрични возила од Кина во Белгија. Во екот на трговската војна помеѓу САД и Кина, односно воведувањето на екстремно високи царини за електричните возила од Кина, но и плановите на Европа за слични мерки, со овој потег компанијата планира да ги избегне проблемите поврзани со пад на конкурентноста. Volvo исто така ја разгледува и опцијата за запирање на продажбата на автомобили произведени во Кина.
Во октомври 2023 година, Европската комисија покрена истрага за да утврди дали електричните автомобили произведени во кина и увезени во Европа добиваат државни субвенции, кои го ставаат во неповолна положба европскиот пазар. Оваа истрага би можела да трае 13 месеци, односно до ноември оваа година. Volvo во моментот произведува два електрични автомобили во Кина: EX30 и EX90. И двата модела отсега ќе се произведуваат во Белгија во фабриката во Гент.