Од идната година, Volvo низ цела Европа ќе го пушти во продажба новото тешко товарно возило FE Electric кое ќе може да превезува товар и до 27 t. Меѓу останатото, возилото ќе може да се користи за одвоз на отпадот во урбаните средини и тоа без загадување на воздухот и со пониска бучава. FE Electric има два електрични мотори со максимална моќност од 370 kW, а капацитетот на батеријата е во опсегот 200 kWh – 300 kWh со домет од 200 km. камионот ќе биде достапен во неколку варијанти со различни транспртни задачи, а може да се полни на стандарден начин или со брзо полнење. Поради својот начин на работа (ниска бучава), може да се користи и рано наутро и доцна навечер, со што ќе се намалат гужвите во градовите, а ќе започне да се користи во Хамбург на почетокот на 2019.