Насловна / Архитектура / Волшебно царство за одмор во срцето на Словенија

Волшебно царство за одмор во срцето на Словенија

Модерната фамилијарна куќа Катарина е едно од оние катчиња на земјата каде секој би посакал да живее. Урбана оаза на мир по мерка на современиот човек. Она што првенствено ѝ дава волшебност е совршената локација. Оддалечена на 20 минути возење од Љубљана, куќата се наоѓа на локација која нуди имресивни погледи, што станува и главен сегмент на нејзиното ентериерно уредување.

52ae4529e8e44e0f37000137_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z02_katarina
Сраснат со пејзажот, дневниот престој станува своевидно кино со „проекциско платно“ на кое се гледа континуирана глетка на околниот пејзаж, планини, безбројни стебла, шуми и ливади.

52ae4530e8e44ec9e0000117_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z01_katarina_300 52ae4472e8e44ec9e0000113_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_i03_katarina 52ae469ce8e44e0f3700013b_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z09_katarina
Проектот го потпишуваат „МултиПлан Архитекти“, чија мисла водилка е одржливоста и развојот во контекст на денешните потреби и приоритети на современиот човек. Куќата се наоѓа на проближно 700 метри надморска височина, и така е замислена да ги искористува природните ресурси на најдобар можен начин, почитувајќи го природното опкружување.

52ae4567e8e44ec9e0000118_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z03_katarina_300 52ae44cee8e44ec9e0000115_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_i08_katarina 52ae44c5e8e44e22b900011e_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_i07_katarina 52ae45b4e8e44ec9e0000119_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z05_katarina_300 52ae448de8e44ec9e0000114_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_i06_katarina_300
Константното присуство на голема количина природна светлост е овозможено со лесна челична конструкција, со големи панорамски осветлувања на јужната фасада, притоа создавајќи неограничена екстензија на внатрешниот со надворешниот простор. Спротивно на него, северниот дел е вкопан, потпрен на теренот, така што горниот кат е искористен како пристапен кат во објектот.


Невообичаено, на горниот кат е сместена дневната соба, за да ги искористи максимално убавите погледи од висина, додека на долниот кат се позиционирани спалните соби.

52ae4567e8e44ec9e0000118_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z03_katarina_300 52ae46dfe8e44e22b9000123_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z11_katarina_300_-2- 52ae4728e8e44e0f3700013e_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_z013_katarina

Архитектите од „МултиПлан“ нагласуваат дека куќата се одликува со прецизно поставување на градбата во простор и нејзина суптилна интеграција со природата и руралното опкружување. Таа претставува совршено бегство од брзото секојдневие на кое е изложен современиот човек.

52ae46dfe8e44e0f3700013d_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_site_plansite_fasade 52ae4649e8e44ec9e000011a_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_upper_ground_floor_plan52ae464ce8e44e22b9000120_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy__lower_floor_plan  52ae46a3e8e44ec9e000011c_house-katarina-multiplan-arhitekti_copy_facade_site_fasade

Испрати коментар

Scroll To Top