Во живописното село Монополи се наоѓа бутик-хотел „Дон Феранте“ наречен според првиот маркиз на Тревизо – Фердинандо Лофредо од 1548 година. Овој луксузен бутик-хотел се наоѓа во поранешна тврдина блиску до морето. Комплетниот објект е обновен следејќи ги претходните нацрти и денес го красат 14 децентно осветлени оџаци кои архитектите ги обновиле заради декорација на хотелот. Најголемата атракција се каскадните тераси со поглед на морето. На најголемата од нив, гостите во летните месеци можат да уживаат во вкусните медитерански јадења од ресторанот што се наоѓа во објект од 16 век.
За сите оние што сакаат да се релаксираат постои lounge бар кој нуди одличен избор на летни пијалаци и коктели. Хотелот располага со само неколку соби кои се уредени во медитерански стил и опремени според современи стандарди. Целиот мебел и керамика во собите се направени рачно и според мерка.