Насловна / Вести / Волшебен цвет за вистинска пролет

Волшебен цвет за вистинска пролет

Вербената (лат. Verbena officinalis) е цвеќе на кое едноставно не можете да останете рамнодушни, а пролет е вистинско време за нивно садење. Ова цвеќе старите народи го сметале за свето растение и од него приготвувале и чај.

1_resize

Ова едногодишно растение добро успева и на тераса и во градина. Вербената води потекло од Јужна Америка. Цвета рано напролет, па сѐ до есен (октомври), а не бара некоја посебна нега, треба умерено да се полива – околу два пати неделно. Треба да ја наѓубрете, меѓутоа доволно е само еднаш во сезоната, напролет, откако ќе нарасне до 10 сантиметри висина.

7_resize

Може да нарасне до 30 сантиметри, а цветовите може да бидат во различни бои: виолетови, розови, црвени, бели, сини, па дури и во боја на кајсија. Најпознат вид по својот мирис е Verbena platensis.

2_resize

3_resize

4_resize

5_resize

9_resize

8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top