Софтверската дивизија на Volkswagen, Cariad и нејзиниот кинески партнер Horizon Robotics, минатата недела потврдиле дека ќе формираат заедничка компанија која ќе се фокусира на софтвер и специјализирани микрочипови за автономно возење. Германците сакаат да вложат околу 2,4 милијарди евра во проектот и да имаат 60% удел во новата компанија. Ако надлежните органи тоа го одобрат, овој нов деловен потфат би требало да стартува во првата половина на 2023 година. Horizon Robotics, со седиште во Пекинг, првенствено се занимава со вештачка интелигенција, машинско учење и мрежни платформи за транспортни системи.