Ретро дизајнот и новите технологии се извонредно споени во новиот и надграден микробус на Фолксваген, под името Type 20. Возилото на оваа компанија од 1962 година доживеа огромна модерна преобразба задржувајќи го впечатливиот и препознатлив некогашен дизајн. Сега, микробусот има 10kW батерија , полнач од 2500W и електричен мотор од 120hp. Возилото има и бројни технолошки иновации интересни за корисникот. Концептот за Type 20 е создаден во чест на 20 годишнината од почетокот со работа на истражувачкиот центар на Фолксваген лоциран во Силиконската долина, Innovation and Engineering Center California (IECC). Сепак, за да го видиме ова возило на улиците, ќе треба да почекаме до 2022 година.