Насловна / Вести / Volkswagen најавува инвестиции во рудници

Volkswagen најавува инвестиции во рудници

Германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) планира да инвестира во рудници со цел да ги намали трошоците за батериските системи, односно да покрие половина од своите потреби и да продава на други компании. Стратегијата на VW е во согласност со поширокиот тренд помеѓу производителите на автомобили кои сакаат поголема контрола над деловите на снабдувачкиот ланец, од производството на енергија до експлоатација ан суровините, со цел да ги обезбедат потребните ресурси за електричните возила.

vwmines1

vwmines2

Најголемиот европски производител на автомобили посакува неговиот огранок за батерии PowerCo да стане глобален добавувач на батерии. PowerCo ќе стартува со испорака на батерии за Ford за 1,2 милиони возила кои американскиот гигант ги произведува во Европа на VW – овата електрична MEB платформа. Капацитетите за експлоатација на руди се тесно грло за нашите суровини и затоа мора да инвестираме во рудници, велат од VW. Германскиот производител на автомобили склопил партнерство со рударски компании во Канада, каде ќе ја изгради својата прва фабрика во Северна Америка.  Набавката на батерии по разумни цени е предизвик за производителите на автомобили како VW, Teslа и Stellantis, кои сакаат ценовно подостапни електрични возила.

vwmines3

Испрати коментар

Scroll To Top