На изолираната општина во Егејското море со 1.300 жители, и претстои трансформација со помош на решенија без емисии на јаглерод. Volkswagen ќе и помогне на Грција да ја укине употребата на фосилни горива на островот Астипалеа, така што ќе воведе возила на потполно електричен погон, а со инсталирање на електрани на обновливи извори, се создава модел кој може да се примени во Европа и пошироко. Заменикот министер за надворешни работи на Грција и претседателот на Управниот одбор на компанијата Volkswagen, потпишаа меморандум за разбирање, и така го одбележија почетокот на проектот со кој на овој остров ќе се воведат и електрични возила. Имено, оваа заедница на југоистокот на Егејското море е избрана за промоција на одржливата мобилност и енергетската независност.
Германскиот производител на автомобили соопшти дека прво ќе ја испорача и монтира опремата која овозможува целосен премин на електромобилност и со тоа поврзаните паметни решенија. Планот е возниот парк да се замени со електрични единици – од скутери до амбулантни возила и лесни комерцијални возила. Грција презела задача да ја развие инфраструктурата и да ги замени постоечките четири дизел генератори со хибриден систем со батерии за складирање на електрична енергија. Владата навела дека ќе се потпре на соларни панели и на производство на енергија од ветер. Новите извори ќе покриваат најголем дел од побарувачката.
Проектот започнува во првиот квартал од следната година, а рокот за завршување е крајот на 2026 година. Претставниците на двете страни откриваат дека ќе воведат паметни услуги за мобилност и дека покрај можноста за заеднички превоз за корисниците, Астипалеа ќе може да функционира со помалку автомобили. Островот има три населби и 1.300 постојани жители, но го посетуваат 70.000 туристи гоодишно. Возилата на целосно електричен погон ќе бидат достапни за нарачување непрекинато, преку мобилна апликација, и така ќе се унапреди јавниот превоз, велат учесниците во проектот. Автономните возила се долгорочна цел, велат во Volkswagen, и објаснуваат дека прво ќе се занимаваат со функциите на полуавтономно управување.
Грција презела обврска за донесување на законодавен пакет за субвенции за локалното население. Домашните банки се согласиле да издаваат поволни кредити. Во план е поставување на 230 приватни и неколку јавни точки за полнење. Генералниот директор на Volkswagen истакнува дека автомобилскиот гигант ќе ги користи своите модели e-up!, ID.3 i ID.4, и дека ќе се произведат возила потребни за јавните институции и комуналните услуги. Од Советот за одржливост на компанијата во Вофсбург, велат дека овој проект ќе биде како една лабораторија. „Во текот на релизацијата ќе с епојават предизвици кои ниту Volkswagen ниту грчката влада сега можат да ги предвидат. Ќе има напредок, но и потешкотии. Но, партнерите во проектот треба отворено да ги објавуваат сите сознанија во текот на имплементацијата“ велат од Советот.