Од Volkswagen веќе подолго време зборуваат за интеграција на ChatGPT, потег кој конечно е реализиран и ветува дека ќе го унапреди искуството на сопствениците на автомобили на германскиот бренд. Оваа технологија сега е дел од сите модели од ID семејството, но и од новиот Golf, Tiguan и Passat. Наместо со куцање, корисникот пристапува со помош на гласовен асистент, кој им овозможува на корисниците контрола над разни функции како клима уред и навигација, но ChatGPT ќе отиде и многу подалеку од тоа. На пример, од Volkswagen велат дека корисникот може да бара од ChatGPT информации за туристичките атракции или информации за резултатот на некој спортски тим и сл.
Што се однесува до грижата за приватноста и безбедноста, од Volkswagen тврдат дека ChatGPT “ниту во еден момент нема пристап до податоците за возилото“.