Шестгодишниот воен судир во Сирија ја уништија инфраструктурата на земјата и предизвикаа штета на сириската економија од 226 милијарди долари. Од избувнувањето на судирите, загубата на БДП на Сирија е проценета на 226 милијарди долари, што е четири пати поголем износ од сирискиот БДП за 2010 година, соопшти Светската банка. Судирите исто така уништија 27 отсто од станбените фондови и речиси половина медицински и образовни институции во земјата.