Активистите на „Го сакам Водно“ најавија дека со жив штит ќе го бранат Водно од багерите кои го раскопуваат за изградба на гасоводот.
„Не низ Водно! Доста е. На терен градат, на терен ќе се брани!“. Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела, нагласуваат од „Го сакам Водно“. Од таму додаваат дека е време да се стави стоп на непромислени и лоши проекти и ги повикуваат сите доброволци да им се придружат.
Баш ме интересира кај беа сите овие „активисти“ кога една претходна власт го пресече водно за изградба на пат кон една утопија, наречена сончева долина, или во кои дупки се криеа кога во едно време едно диктаторско премиерче пола водно бесправно се изгради. Сега во време на демократија, кога нема кој да им се закани со ендек, се бунат за поставуванје на подземна исталација, над која што, вегетацијата за неке време ке си се врати во нормала. Мизерија од „активисти“ со двојни аршини.