De Urbanisten’s Watersquare Benthemplein е првиот јавен воден парк полнет од дождовна вода.
Сместен во Ротердам, Холандија, паркот претставува отворено место за спорт, зелени површини, па дури и театар за локалното население и посетителите. Водата се собира и се чува во отворени базени кои се видливи за јавноста. Watersquare Benthemplein е фина оаза во густата урбана средина во Ротердам. Плоштадот е сместен околу повеќенаменско спорстко игралиште, кое може да се користи за мал фудбал, кошарка, хокеј и други активности. За да ги задоволи сите потреби на заедницата, просторот, покрај спорт, може да се употреби и како двоен отворен театар, или како место за игра на децата од соседството.