Просторот во Culver City, Јужна Калифорнија, зафаќа површина од 10.000 квадратни метри, и е всушност преуреден склад кој е реновиран за канцелариски простор. Автор на овој проект е архитектот Barbara Bestor од Лос Анџелес. Уредот може да прими 650 службеници и работници во отворен простор со огромни панорамски прозорци, природна светлина, многу интересни детали и одлична работна енергија.
Во прилог на основниот работен простор во седиштето се проектирани и игротеки, киносали, соби за одмор и библиотека. Секоја соба е украсена со дизајнерски мебел и со дела на современи фотографи и уметници.