Тим истражувачи од Универзитетот Колумбија од Њујорк, анализирал неименувани брендови на вода во шишиња од еден литар, со методата на „Стимулирана Раманова спектроскопија“ (Stimulated Raman spectroscopy – SRS), која овозможува брза идентификација на микропластиката, иако нејзината корисност за анализа на нанопластиката треба допрва да се истражи. Со цел максимално да се зголеми чувствителноста потребна з адетекција на поединечните честички, истражувачите користеле теснопојасна шема на снимање со SRS, со цел таргетирање на карактеристичните вибрациски модови со најголеми Раманови пресеци. Со тоа покажале дека теоретски и експериментално, можат да ја детектираат нанопластиката со големина од 100 nm. Во просек, секое шише имало околу 240.000 пластични честички – до 100 пати повеќе отколку што било потврдено со претходни истражувања.
Иако последиците од внесувањето на нанопластиката во човековиот организам сеуште не се доволно истражени, досегашните истражувања покажуваат дека најмалите честички од пластика можат да доспеат во крвотокот и до црниот дроб.