Кинеското архитектонско биро 3andwich Design/He Wei Studio изгради кружна библиотека со базен на кров на ридест терен во парк во заливот Shuangyue, градот Pinghai, Кина.
Наречена Water Drop Library, библиотеката од 450 квадратни метри се состои од две различни геометриски форми: кружна надворешна обвивка и издолжен долг ѕид ја формираат зградата. Двата елемента создаваат остра композиција и напнатост во опкружувањето.
Infinite кружниот базен на кровотт додава уште еден слој на зградата, делувајќи како мек и опсерваторски елемент, што ги изненадува посетителите. Со овој базен, библиотеката делува полесна, како да лебди во воздухот.
Архитектите го гледаат обликот на природната топографија и како предизвикувачка ситуација и како предност што придонесува за формата на библиотеката.
„Паркот е помеѓу античкиот град Pinghai и морето, недалеку од познатиот резерват за желки во заливот Shuangyue. Теренот на паркот е висок на север и низок на југ, со ридови и долини на север и море на југ. Основата на проектот е блиску до центарот на паркот и е независен и истакнат рид во облик на полуостров“, велат 3andwich Design/He Wei Studio.
„Падот на ридот е од североисток кон југозапад, така што на север доминираат ридови и долини, а на југ е одличен поглед на морето од 270 степени. Ридовите во паркот се со мека форма и не се величествени, но има голем број камења, кои имаат улога во обликувањето на пејзажот“, додаваат од бирото.
При проектирањето архитектите се соочувале со предизвици. На исток и југоисток има неколку станбени згради, нивниот висок волумен го блокира погледот. Според архитектите висината на библиотеката морала да биде строго контролирана за да се избегне блокирање на погледот на станарите на пониските катови на северната страна.
Бидејќи на југозападниот дел од паркот има висока зграда, погледот не бил идеален, а исто така ќе имал негативно влијание врз погледот од библиотеката кон морето.
„Проектот се стреми да го интегрира културниот атрибут на библиотеката, еколошкиот на локацијата и јавниот атрибут на современото општество“,објаснува тимот.
Архитектите ја испланирале положбата на зградата на врвот на ридот и ја распоредиле на ивица на карпа според висинската разлика.
Зградата е интегрирана со ридот, таа станува дел од локацијата. „Со ваквиот третман не само што библиотеката може да има најголема површина за гледање, туку и се контролира висината на зградата во најголема мера со премиса да се намали количината на земјани работи, а притоа да не се блокира погледот кон морето на резиденцијата позади“, додаде тимот.
Општата форма на библиотеката тежи да има поетска напнатост: кога посетителите ја гледаат од високо, зградата е мошне геометриска со круг и права линија што го формира ѕидот.
Главниот дел од зградата е кружен, а права линија е надворешен коридор и долгиот ѕид, што ги воведува луѓето од врвот на ридот во зградата.
Целата библиотека е во бела боја, а рабовите на коридорот, долгиот ѕид и кровот го зајакнуваат чувството за геометриска композиција.
Дел од кровот на зградата е во облик на сад, а проѕирното стакло во просторот за читање му дава на кровот ефект на лебдење. На кровот во облик на чинија се наоѓа базен, што на зградата и дава еден вид драматична импликација – подводна библиотека.
Долгиот ѕид не само што штити од неповолните фактори на југозападниот дел на локацијата, туку игра и водечка улога. Го насочува вниманието на луѓето кон базенот и морето и ги наведува читателите да пристапат и да влезат во зградата по оваа специфична линија.
На зајдисонце, пред да падне сонцето во морето, поминуваат неколку минути кога сонцето заоѓа и ги продолжува сенките по долгиот ѕид и коридорот. Ова додава романтична нота на објектот.
Архитектите забележаа дека „процесот на влегување во библиотеката не е едноставен“. Со оглед на тоа што зградата се наоѓа на рид, архитектите создале „кривулеста патека“ на северната падина на ридот.
„Читателите треба да зачекорат и да ја разберат болката на учењето во нивното малку уморно тело. Затоа, тоа се нарекува и „пат до планината на книгите“, додаваат од бирото.
Кружниот простор ја формира главната намена на зградата која се наоѓа под базенот. „Процесот на влегување во зградата е патување за повторно разбирање на природата и себеси. За да влезете во зградата, треба да слезете низ ходникот и да ‘нурнете’ под базенот“, додаваат архитектите.
Внатре, архитектите предвиделе низа драматични простори со светлина и темнина, кои се преклопуваат и се отвораат и затвораат, што наликува на пештера.
Првата сцена при влегувањето во зградата е трем, кој се наоѓа на крајот од надворешниот коридор, релативно тесен преоден простор. Свртувајќи лево од тремот, посетителите ќе влезат во кружниот простор во средината на зградата.
Целта на архитектите е да го одржат место мистериозно и темно. Овозможува водич за влез во областа за читање. Овде може да се организираат и некои мали изложби или забави.
Темниот простор има „дупка“ поврзана со просторот за читање, кој се наоѓа во надворешниот прстен на објектот и претставува светол полукружен простор. Има речиси 270 степени подно стакло, проѕирно и отворено, низ кое се гледаат синото небо и морето.
Уште еден влез и излез од зградата се наоѓа на југоисток, од каде луѓето можат да излезат од библиотеката, а потоа да ја заобиколат за да се вратат на врвот на ридот.
Внатрешниот тон на просторот за читање е главно бел, светло сив и други светли бои, а обликот на кривата се користи за да се создаде релаксирачка атмосфера. Седењето и малите маси се поставени покрај надворешната ѕид завеса, каде што читателите можат тивко да читаат и да го гледаат пејзажот.
Од двете страни на читалната распоредени се два независни простора: ВИП просторија за чај и простор за одмор.
Базенот на кровот е донекаде со утописка смисла. Архитектите и сопствениците се надеваат дека ќе ги изненадат корисниците. Гостите можат да ја следат скриената патека на северната страна на долгиот ѕид до мала платформа во базенот и да стигнат до дневно осветлен отвор и платформата лоцирана во средината на базенот преку камените скалите на површината на водата.
На работ на базенот нема ограда, што обезбедува целовитост и чистота на зградата. Меѓутоа, архитектите ги користеле камените скали и длабочината на водата околу платформата за да ги ограничат луѓето при влегување во базенот и да се осигура безбедноста. Од одредена локација на врвот на ридот, луѓето можат да го видат нивото на морето во далечина со поглед преку базенот. Водата, небото и морето се интегрирани овде и сега.
Архитектурата намерно не се стреми кон имитација на природата. Концизната геометрија ја прикажува апстракцијата како артефакт и почит кон околината. Во исто време, зградата е полна со драма и наратив. Не ја избегнува намерно визуелизацијата и ширењето.