Денес, кога суша од историски размери ја мачи Калифорнија, плановите за десалинизација на водата од Тихиот Океан им даваат надеж на жителите на оваа држава. Процесот на десалинизација е прилично комплициран и ја користи техниката под назив реверзибилна осмоза, со која морската вода се пушта низ филтри кои ја отклонуваат солта и нечистотијата. Остатокот, односно многу солената вода се враќа назад во океанот. Фабриката Poseidon во Сан Диего е најголема фабрика за десалинизација на западната хемисфера, и оваа есен ќе почне да впумпува скоро 200 милиони литри свежа вода во чешмите секој ден.
Меѓутоа, не се сите воодушевени од овој проект чии трошоци ќе бидат една милијарда долари. „Бесмислено е и апсурдно. Ќе се борам до крај против ова“, вели Марко Гонзалес, адвокат и член на Coastal Environmental Rights Foundation. Тој ја тужеше компанијата Poseidon, но го изгуби спорот. Гонзалес е само еден од многуте еколози кои сметаат дека десалинизацијата епремногу скапа, троши премногу енергија и го уништува крајбрежјето.
Градоначалничката на Санта Барбара тврди дека сушата е поголема и поекстремна отколку што се мислело, а граѓаните се свесни дека фабриката за десалинизација е последна сламка за спас.