Цените на електричната енергија во домаќинствата во земјите од Европската унија во просек забележале пад од 2,3% во периодот помеѓу втората половина на 2015 и втората половина на 2016 година, а сега просечно изнесува 20,5 евра за 100kWh. Во истиот период цените на природниот гас се намалиле во просек за 10,5%. Најголем пад на цените на електричната енергија е регистриран во Холандија, додека најголемо поевтинување на гасот имало во Хрватска и Бугарија.