Насловна / Вести / Во завршна фаза активностите за осветлување на 14 клучки на државните патишта

Во завршна фаза активностите за осветлување на 14 клучки на државните патишта

klucki na drzavni patista

Активностите на Јавното претпријатие за државни патишта за осветлување на 14 клучки и раскрсници на регионални патни правци кои отпочнале во месец јули со поддршка од Светска Банка се во завршна фаза, и се очекува да завршат до крајот на септември.

До сега комплетно се завршени и пуштени во функција клучките Оризари и Истибања на делницата Кочани-Делчево, Македонски Брод, Виница, Пелинце, и  Карпош-Куманово на делницата Куманово-Крива Паланка и клучката на  делницата Прилеп-Крушево (кај населено место Славеј).

Завршени се и се чека на  приклучок од ЕВН  клучките Смојмирово, Росоман Лакавица, Љубојно и Асамати, а на клучките Удово и раскрсница Козјак на регионалниот пат Макази-Маркова Нога активностите се во поодмината фаза и се работи на подигање на канделабрите.klucki na drzavni patista (2)

Вкупната должина на осветлен пат на овие 14 клучки на кои ќе бидат поставени вкупно 305 еднокраки и двокраки канделабри изнесува 12.180 метри. Инвестицијата е во вредност од 41,2 милиони денари.

Овие активности ЈП за државни патишта ги превзема со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, а со тоа и да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата.

Испрати коментар

Scroll To Top