Насловна / Вести / Во Законот за животна средина ќе бидат дефинирани еколошките налепници за возилата

Во Законот за животна средина ќе бидат дефинирани еколошките налепници за возилата

Еколошките налепници што ќе ги добијат автомобилите во Скопје, а кои ќе се однесуваат на движењето на возилата во денови кога ќе биде загадено, ќе бидат уредени со измени и дополнувања на Законот за животна средина.

Во законот треба да се вградат нови одредби со кои ќе бидат утврдени формата и дизајнот на овие налепници, набавката, контролата, дистрибуцијата, казните и инспекцијата.

Со законот ќе биде уредено и тоа како ќе се категоризираат возилата во станиците за технички преглед, односно видот на еколошката налепница што возилото ќе ја добие во зависност од емисиите.  Еколошките налепници ќе бидат  со црвена, портокалова или зелена боја.

Ова е договорено на средбите одржани меѓу Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина и просторно планирање и Град – Скопје.

Сличен систем е веќе воведен во франција со еко налепници во 6 различни категории односно бои.

eco labels naslovna

 

Испрати коментар

Scroll To Top