Насловна / Архитектура / Во Загреб куќа со лице на Suoto de Moura

Во Загреб куќа со лице на Suoto de Moura

На место на некогашниот култен загребски ресторан „Дрина“, на улица „Прерадовиќева“ 11, работите на семејната вила на претседателот на Адрис Група, Анте Влаховиќ се при крај. Откако станаа јасни првите контури, куќата предизвикува голем интерес кај граѓаните на Загреб. Куќата веќе е наречена вила без прозори, бидејќи најголем дел од фасадата кон улицата е затворен.

зг_resize

Во 2015 година фамилијата Влаховиќ распишала конкурс за резиденцијална градба со станбена намена. Критериумите на оценувањто биле: реализација на просторниот програм, погодност на функционалните и квалитативни барања, рационалност и економичност на решенијата, просторен и обликовен квалитет. Комисјата била составена од четири архитекти и градежен инженер. На натпреварот пристигнале 28 труда, а првата награда ја добил трудот со шифра „08“ на Eduardo Suoto de Moura во соработка со хрватското биро 3LHD. Помалку изненадувачки, како што велат загребските архитекти, познавајќи ги исходите од досегашните меѓународни конкурси во Загреб, дека во главниот град на Хрватска ќе гради архитект чие име нешто значи на светската архитектонска сцена.

зг2_resize

Откако куќата почна да се наѕира, нејзината затворена фасада и неконвенционален изглед со месеци предизвикува полемики во Хрватска. Архитектот Мароје Мрдуљаш објаснува дека нема посебна причина домување да биде ориентирана кон улица, дека во оваа ситуација клучен е квалитетот на животот. Напоменува дека е добредојдена промена во начинот на артикулирање на фасадата долж улицата, без формално конкурирање, бидејќи површината е релативно неутрална, но не и нема. Мрдуљаш вели: „Проектот е радикален и не може буквално да се реплицира, но секако е поттик за понатамошно разгледување на начинот на кој се вградува во градскиот блок.  И да додадеме дека конечно во Загреб добивме дело на еден глобално релевантен архитект, добитник на наградата „Прицкер“ Eduardo Suoto de Moura, во соработка со студиото  3LHD од Загреб“.

зг3_resize

Или што би рекол новинарот и книжевник Миљенко Јерговиќ: „За мене, кој ја задржувам улогата на минувач, писател патеписец, и, да, човек кој живее меѓу куќите и тие, особено во градот, го засегаат повеќе од оние кои живеат во куќите, се чини дека Прерадовиќ е совршено место за куќа како оваа. Еве зошто: Да беше на ливада далеку од градот, среде десет хектари приватен имот, на некој остров, во полузатворен станбен кварт, на улица каде што можм да се најдам само со намера, куќата со високо чело ќе останеше надвор од мојот видокруг. Би ја гледал, како и многу други куќи, на Интернет или на телевизија. А вака ќе можам да ја видам во живо. Точно, само од лице – од напред, како што тоа административно се вели – но во најголем дел, куќите само така и се гледаат. Преостанатите три нејзини страни се или невидливи, затоа што се втопуваат со соседните куќи, или се заклонети од нашите погледи. Како и внатрешноста на куќата: порнографијата, која впрочем не ме ни интересира, тоа е она што и во медиуми го гледам со непријатно чувство и срам, бидејќи ми изгледа индискретно како и погледот на нечии гениталии.

зг4_resize

За да ја видите внатрешноста на некоја куќа, предходно веројатно би требало прво да се спријателите со домашните, и веројатно би требало да ве интересира внатрешноста на куќа на луѓе кои нешто ви значат. Или мислите дека не е така? Веројатно мислите. Но, во мојот свет, на домашните им припаѓа она што е внатре, додека на заедницата и припаѓаат обликот и габаритот на куќата и – најважното – нејзиното лице. На сопственикот на идната куќа на улицата Прерадовиќ, благодарен сум му за нејзиното лице, и за габаритите, кои се толку нежно и совршено прецизно нацртани со тенки линии, ги следат не само мерките на соседните куќи, туку и мерките на Загреб. Ова високо чело претставено е пред очите на минувачите како минималистичко ремек-дело, како Филип Глас, како Данијел Драгојевиќ, како цртеж на Álvarо Sizа… Но, за да има чело, мора да го има пред се тоа преубаво лице.

Испрати коментар

Scroll To Top