Пред неколку дена во Загреб заврши изградбата на највисокиот облакодер во Хрватска, пишува весникот „Вечерњи лист“.
Зградата е висока 96 метри и има 25 ката. Изградбата траела 26 месеци и во неа биле вклучени 900 работници.
Облакодерот претставува комбинација од станбени и деловени површини, на покривот од зградата се наоѓа голема тераса со панорамски поглед. Изградбата чинела 100 милиони евра.
Комплексот вклучува и друга 13-катна зграда, два станбени блока со 111 апартмани и две мали бизнис згради. Под целиот комплекс се наоѓа паркинг за 850 возила.