НФО (неформална група) чии основачи се Ката Маруница и Ненад Равниќ, неодамна во Загреб реализирале станбен објект кој по своите вкупни квалитети претставува пример на хрватскиот регионализам.
Во хаотичен урбанизам на семејни куќи и станбени згради никнал слободностоечки станбен објект. Ограничен со максимален волумен, зоната на архитектонската интервенција сведена е на контактна зона на внатрешниот и надворешниот простор. Истурените балкони се носители на визуелниот идентитет на објектот, но и продолжетоци на станбените содржини.
Тространа орјентација на становите
„Основите на становите начелно се поставени и во текот на проектирањето се индивидуализирани и прилагодувани на желбите на купувачите“, истакнува Маруница. Зградата има осум стана, по два на секој кат. Станува збор за мала, но сложна зедница на комшии.
Поради малиот габарит на објектот, орјентацијата на еској стан е тространа. Површината на становите е надпросечна и се движи од 93 до 153 квадратни метри. Организацијата на становите го следи дневниот ритам на корисникот, па така поделбата на дневна и ноќна зона на активности јасно е назначена.
Структурата на становите варира по катовите. На приземјето и првиот кат се трособни станови, додека на третиот кат се сместени дуплекс апартмани. На вториот кат има еден трособен стан и еден петособен стан. Во подрумот за секој стан има остава и две паркинг места.
Зграда без клими и радијатори
Во овој објект нема клима уреди и радијатори. Контролата на температурата во просториите се врши со систем на греење и ладење во плафонот. За разлика од традиционалните, плафонскиот системи на греење и ладење не создава бука, не предизвикува движење и сушење на воздухот, а покрај тоа штеди енергија и пари.
Градското секојдневие кое зачестено се менува не овозможува воспоставување на статички шеми, но условува појава на нови станбени потреби, чие задоволување не лежи во искуството и теоријата стечени со традицијата. За нивно задоволување неопходни се иновации и оригинални замисли. Низ современа интерпретација на идеи на „загребската школа на архитектура“, бирото НФО со својот проект Кружна 26 ги надминува границите на познатите типологии и достигнува добри резултати во полето на современа станбена изградба.