Просечната цена на квадратен метар стан во новоградба во Црна Гора во вториот квартал оваа година е 1.474 евра. Таа цена е помала 0,7 отсто во однос на истиот квартал лани, покажуваат податоците на црногорскиот статистички завод Монстат. Во споредба со претходниот квартал, просечната цена на квадрат е помала 6,5 отсто. Во извештајот на статистичката агенција се наведува дека најскап квадрат на стан во новоградба во вториот квартал, со цена од 1.890 евра бил во Будва, а продадени се само два стана.