Насловна / Арт и дизајн / Во време на пандемија, личен прибор за јадење „Pebble“

Во време на пандемија, личен прибор за јадење „Pebble“

Луѓето ширум светот многу страдаат  поради појавата на корона вирусот. Секојдневно се бориме со пандемијата и изнаоѓаме нови начини да уживаме во животот. Поради пандемијата која секој ден ни е позади грб, потребна ни е секоја можна иновативна солуција, која донекаде може да ни помогне да се избориме со проблемите кои ги носи со себе.

1_resize

Најновата креација „Pebble“, која е резултат на соработката меѓу американскиот пејач Pharrell Williams и дизајнерското студио Pentatonic, која во основа претставува прибор за јадење, доаѓа како полн погодок.

8_resize

„Pebble“ претставува комплет личен прибор за јадење за повеќекратна употреба, кој делумно е креиран од рециклирани дискови. Pentatonic проценува дека 10 милијарди ЦД-иња и ДВД-иа се одложени само во САД од 2005. година, доека луѓето се префрлаат на стриминг сервиси.

9_resize

Земајќи ги во предвид сите мерки на предострожност на кои мораме да се придржуваме, употребата на сопствен прибор за јадење во рестораните помага во опуштање и уживање во храната.

За да се намали ризикот од трансмисија на вирусот, многу компании привремено престанаа да користат чаши и прибор за јадење за повеќекратна употреба. Владите исто така ги повикаа луѓето да носат свои прибори кога јадат на отворено со луѓе надвор од своите домаќинства.

6_resize

Комплетот кој го потпишува Pharrell се состои од нож, вилушка, лажица, сламка и комплет стапчиња за јадење, додека сето тоа може да се спакува во футрола која лесно пронаоѓа свое место во сечија ташна, торба, ранец. Кога ќе завршите со оброкот, едноставно го пакувате својот прибор и во рамки на својот дом го дезинфикувате и спремате за следната употреба.

7_resize

5_resize 3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top