Започна изградбата на 12-метарскиот крст во Волково, општина Ѓорче Петров. Крстот е донација од Оливер Гаѓовски од Волково, кој неколку пати го фаќал крстот што за Водици се фрла во водите на реката Лепенец, пренесува МИА.
– На сон ми дојде непознат човек и ми го покажа местото каде што треба да изградам крст. Веднаш го препознав брегот на реката Лепенец и ова место каде што сега го градиме крстот, изјави Гаѓоски.
Крстот се гради во близина на последната станица на автобусот број 22 во Волково, токму таму каде што децении наназад за Водици се положува крстот во реката Лепенец.
Според најавите, пред Велигденските празници ќе бидат завршени сите градежни работи, а со помош на општина Ѓорче Петров хортикултурно ќе се уреди просторот, ќе се постават клупи и канделабри и ќе се осветли крстот.