Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ, српскиот премиер Александар Вучиќ и режисерот Емир Кустурица во босанскиот град Вишеград свечено го предадоа во употреба Културно-историскиот центар „Андриќград“.
Центарот е изграден по идеја на Кустурица во чест на нобеловецот Иво Андриќ. По свеченото отворање на „Андриќград“, во Центарот се одржа и церемонија по повод стогодишнината од атентатот на Гаврило Принцип врз австрискиот надвојвода Франц Фердинанд во Сараево во 1914 година, што беше повод за отпочнување на Првата светска војна.