Насловна / Арт и дизајн / Во виенскиот „Хортен“ средба на Пикасо, Шагал, Клајн

Во виенскиот „Хортен“ средба на Пикасо, Шагал, Клајн

Изложбата „Рандеву“ во виенскиот музеј Хортен посветена е на сликарите кои твореле во француска Прованса, привлечени од светлината и боите на Медитеранот. Пикасо, Шагал и Клајн воведуваат во едно време кога уметноста се дефинирала низ страст, младост и лето без крај.

р0

Наследството на Хајди Хортен привлекува внимание на две страни: Од една страна, аукцијата на накит во женевскиот „Christie’s“, која поминува со протести на еврејските организации, поради нацистичкото минато на нејзиниот прв сопруг.

Од друга страна, нова изложба во музејот „Хортен“. Тие две работи не се правно поврзани, но за нејзината колекција на уметност, која од минатата година е јавно добро, тој синергичен публицитет не дојде во добро време.

r1

Затоа што виенската изложба е посветена на страста, не само во романтичната љубов, туку и страсното занимавање со која било работа, тогаш кога сведоштвата на така исполнет живот оставаат свој белег во уметноста. На пример, кои биле стравовите и страстите на доцниот Пикасо?

r4

„Од доцниот период, кој не е многу омилен кај историчарите на уметност, имаме две дела. Едниот е портрет на Жаклин Рок, последната сопруга на Пикасо, половина век помлада. Тука е евидентна неговата внатрешна војна со стареењето, уште подиректно на платното со мускетарот, симбол на галантна мажественост. Оние кои го познаваат делото на Пикасо и знаат како тој се однесувал со жените, каква претстава имал за мажите, го гледаат неговиот очај. Прифаќањето на сопствената минливост за неговиот карактер сигурно било постојано мачење“, вели кустосот на изложбата, Вероника Апург.

r2

Друг фокус е Шагал, сликар роден во Руското царство. Страста на Шагал во животот и сеќавањето била неговата Бела. Бела е тој постојан мотив на еврејската невеста која лебди и плови над покривите на Витебск.

„Кога Матис ќе умре, Шагал ќе биде единствениот сликар кој разбира што е боја“, говорел Пикасо.

„Да, Шагал е љубов, тотално! Имаме богат избор, сите значајни дела. Шагал сакал животни, интензивни бои, сликал љубовници кои не признаваат ни време ни смрт. И тоа е силата на оваа колекција, што се застапени клучни дела на класичната и современата уметност, Шагал, Пикасо, Клајн, уметници кои поминале низ многу нешта, војна, егзил, кои биле исклучително важни еден за друг и оставиле знаци за следните генерации. Таква комбинација нема во ниту еден друг музеј“, вели директорката на музејот Агнес Хуслеин-Арко.

r3

Ив Клајн им доделувал на боите симболични вредности: Така, според него, денот бил син, тишината зелена, животот жолт, а насилната смрт била розова. Во потрага по совршен колор, тој се одлучил за пудра од ултрамарин – без масло, без сенка, без длабочина. Во оваа диктатура на нерастворен пигмент, единствената милост е отсуството на розовата боја.

Изложбата е отворена на 6. мај, а може да се види до 29. октомври годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top