Насловна / Вести / Во Виена се тестира употреба на водород како гориво во термоелектрана – топлана

Во Виена се тестира употреба на водород како гориво во термоелектрана – топлана

Во соработка со партнерски компании, енергетското претпријатие на Град Виена, Wien Energie, започна со тестирање на употребата на водород во термоелектраната – топлана „Донауштат“. Ова е прво тестирање од ваков вид на постројката со инсталирана можност од 600MW. Целта е да се стекнат неопходните искуства за конверзија на оваа термоелектрана – топлана за работа на „зелен“ гас, односно мешавина од гас и водород.

wasserstoff1

 

Водородот ќе се меша со гасот во разни соодноси, а пробите ќе траат до средината на септември, кога се планира уделот на водородот во смесата да достигне 15%. Доколку тестирањата се покажат успешни, постројката ќе започне да работи со 15% водород, при што ќе се намалат емисиите на јаглерод диоксид за 33.000 тони на годишно ниво.

wasserstoff2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top