Статистичките податоци за периодот 2010 – 2015 година, покажуваат дека во Виена значително се намалува сообраќајот со лични автомобили. Ова намалување изнесува 6,3%. Опаѓање на автомобилскиот сообраќај е забележано во сите делови на градот. Притоа, посебно се истакнува намалувањето на автомобилскиот сообраќај во самиот центар на градот, односно за 11,2%.Главната причина за овој тренд е еколошката освестеност на граѓаните, но и напорите и активностите на градската управа. За разлика од автомобилскиот сообраќај, бројот на патници во јавниот градски превоз достигнал рекордно ниво во 2016 година.