Насловна / Вести / Во Виена расте интересот за „зелени“ работни места

Во Виена расте интересот за „зелени“ работни места

„Зелените“ работни места активно помагаат во избегнувањето на негативните последици за животната средина и придонесуваат за реализација на енергетската транзиција. Со цел постепениот премин кон обновливи извори и постигнувањето на енергетската независост бидат полесни, потребна е квалификувана работна сила. „Зелените“ вештини спаѓаат во најбараните компетенции на иднината.

greenjobs1

Според податоците на Виенската стопанска комора, тројца од четворица млади се интересираат за образование кое ги вклучува „зелените“ вештини, односно заштита на животната средина, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Вештините кои подразбираат одржливост, веќе денес се дел од вкупно 200 насоки кои постојат во занаетчиските училишта. Тоа не се однесува само на работните места кои се создадени за потребите на енергетската транзиција, туку и на многу традиционални занаети, велат од Меѓународната канцеларија на Град Виена. Имено, тука спаѓаат и работни места кои подразбираат поправки на производи како и обработка на локални материјали на начин на кој се чуваат природните ресурси.

greenjobs2

Се истакнува дека занимањето електротехничар, ќе биде едно од најпосакуваните во иднина, што с еповрзува со експанзијата ан фотонапосни системи, решенијата за пемтни домови, станици за полнење на електрични автомобили и сл. Бројот на мали кои се школуваат з аова занимање бележи раст од 20% во однос на минатата година.

Испрати коментар

Scroll To Top