Насловна / Вести / Во Виена наместо да инсталираат климатизери се садат дрвја

Во Виена наместо да инсталираат климатизери се садат дрвја

Најзелениот главен град на светот одлучно ја продолжува својата борба против климатските промени. Ладењето е исто така можно без климатизација!

Покрај обезбедувањето здравствени придобивки за граѓаните, дрвјата во градовите исто така придонесуваат за естетскиот изглед на улиците и градските области, но и ја зголемуваат вредноста на недвижноста.

Elevated view of city road, Vienna, Austria

Градската администрација во Виена е добро запознаена со тоа, така што минатата година издвои дури осум милиони евра за садење дрвја и одржување на постојното зеленило, а годинава додаде уште три за истата цел, пишува Енергетскиот портал.

Сепак, во густо изградените делови од Виена, сè уште има локации каде што не можат да се садат дрвја.

Според градската управа во Виена, дрвјата и зелените површини се најдобри климатизери.

Viena1

Иако скоро и да нема улици или делови од градот каде не се засадени нови дрвја во последно време, ние размислуваме и за локации каде тоа не е можно заради густата градба или премногу високи трошоци за преуредување на јавни површини и преместување на подземни инсталации.

На вакви локации, за да се заштитиме од летните горештини и штетното сончево зрачење, започнуваме со инсталирање на креативни ролетни и канопи над јавните места.

Оваа можност им е дадена на сите сопственици на згради затоа што Виена е најзелениот град во светот што одлучно се прилагодува на климатските промени.

 

Испрати коментар

Scroll To Top