Во Архитектонскиот центар во Виена, ќе бидат презентирани најдобрите проекти на современата архитектура, и тоа во склоп на изложбата „Најдобри европски градби“ (Best European Buildings) која ќе трае од 6-ти октомври 2022 до 23-ти јануари 2023 година. Градските власти соопштиле дека Европската комисија и шпанската фондација Miles van der Rohe, секоја година доделуваат награда за најдобрите дела на современата архитектура. Оваа престижна европска награда е вредна 80.000 евра.
Изложбата е фокусирана на исклучителни атхитектонски проекти кои служат како ориентира за развој на современата архитектура. Додека станбените објекти по трет пат влегуваат во финалната рунда, лондонската образовна зграда Town House – Kingston University, на компанијата Grafton Architects со седиште во Дубаи, прв пат освојува главна награда. Добитник на наградата Emerging Architecture 2022, за млади таленти е La Borda, станбен комплекс за колективно домување во Барселона, која е воедно и највисока досега дрвена зграда во Шпанија.
Меѓу финалистите се и проектот Frizz23 во берлинскиот округ Kreuzberg, проектот за железничка фарма во Париз, кој е комбинација од земјоделски производен погон и социјално домување, модернизацијата и развојот на Куќата на современа уметност, дизајн и архитектура Z33 u Hasselt, како и 85 субвенционирани станови на архитектонското студио peris+toral.arquitectes. Меѓу повеќе од петстотини проекти од 41 земја, жирито на чело со мексиканската архитектка Татиана Билбао, за изложбата избра 40 проекти.