High Speed 2 (HS2) е проект за изградба на брза пруга во Велика Британија, која ќе ги поврзува Лондон, Бирмингем, Ист Мидландс, Лидс и Манчестер. Обемот на планираните работи е најголем досега што се однесува на инфраструктурните проекти во оваа земја и вклучува бројни „зелени“ решенија. Долж пругата од 216 километри, патниците ќе уживаат во погледот на 7 милиони нови дрвја и грмушки, вклучувајќи и 40 домашни видови, специфични за секоја локација. Оваа природна шума ќе покрива површина од над 9 милиони квадратни километри. Иако железницата не е добра вест за дивите животни, сепак HS2 е исклучок и по ова прашање. По завршувањето на првата фаза од проектот, животинскиот свет на ова подрачје ќе има на располагање 30% повеќе територија, вклучувајќи и 226 нови езера. Во процесот на изведба на земјените работи и уредувањето на просторот ќе биде искористен 90% од материјалот кој бил ископан во изградбата на пругата.
Се очекува овој смел проект да постави повисоки стандарди кога се во прашање инфраструктурните проекти, и дека овој пример ќе го следи и остатокот од Европа.