Насловна / Вести / Во Велес отворена изложба „Манаки фотографии одблиску“

Во Велес отворена изложба „Манаки фотографии одблиску“

veles manaki_2

Во Ликовниот салон во Велес, синоќа беше отворена изложба на фотографии изработени од браќата Манаки насловена „Манаки фотографии одблиску“.

Изложбата, која ја подготви м-р Роберт Јанкулоски, е во рамките на проектот „Кич Да? Сте или не“, што заедно веќе седма година го подготвуваат Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура.

Во Велес беа претставени 30 фотографии – дела на браќата Манаки од крајот на 19 и почетокот на 20 век во повеќе македонски градови. Фотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзираната лабараторија на Македонскиот центар за фотографија, а отстапени од Државниот архив на Македонија -подрачно одделение Битола, изјави за МИА, Нате Кицкаровска од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.veles manaki_1

– Целта на овој проект, кој се реализира веќе седма година е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската туку и од светската ликовна уметност, рече Кицкаровска.

Годинашната изложба „Манаки фотографии одблиску“ по Битола, Прилеп, Брисел, Штип, Куманово, Берово, Каварадрци и Велес во наредните месеци до крајот на годинава ќе биде претставена и во другите градови во земјава.

 

Испрати коментар

Scroll To Top