Невладината организација „Центар за климатски промени“, на 29 и 30 ноември во хотел „Гарденија“ во Велес, одржа дводневна обука за претставниците од граѓанскиот сектор со цел „Подигнување на јавната свест на граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“.
На обуката учествуваа 20 претставници на граѓанските организации во Македонија кои се занимаваат со заштита и унапредување на животната средина.
Во текот на обуката беа презентирани информации од областа на законодавството за учество на јавноста, позитивни примери за активности на граѓанските организации во оваа сфера, и беа изнесени ставови и мислења за улогата на граѓанскиот сектор во процесот на донесување одлуки.