DiamondMall или „Дијамантски трговски центар“ во Ташкент, главен град на Узбекистан е предложен за градба како нов централен дел на метрополата. Ташкент, каде што постојат многу административни, културни и јавни објекти, сака да стане дел од светската архитектонска мапа градејќи нешто ново и уникатно.
Мастерпланот на Ташкент, кој патем кажано расте радијално како град, и кој има организиран распоред во кој доминираат редовни и широки улици и насекаде се чувствуваат различни станбени текстури и зелени површини е да овозможи градот да ги следи светските текови. Узбекистан, чија традиционална архитектура е забележана на доминантен начин, брзо се движи и станува дел од новите стратегии за урбанизација. Меѓу неодамнешните планови за развој, објавени од страна на властите, еден има за цел да се овозможи Ташкент да стане препознатлив по националната економија преку економски вложувања во главниот град.
Градот веќе почна да планира да се наметне како „хај-тек“ или „паметен град“ за да стане важен центар на светот за нови странски инвестиции. Се чини дека Ташкент, кој е најголем град на Централна Азија во однос на нејзиното население, наскоро ќе ја трансформира својата традиционална архитектура во нов правец поттикната од бизнис идеи опремени со нови истражувачки центри, интелигентни технологии, паметни згради, нови образовни и истражувачки институции и друго.
Ташкент DiamondMall е предложен како независен дел од урбанистичките планови кои треба да бидат отелотворени. Предложениот нов трговски центар е дизајниран да биде доста порозен и живописен, но доволно наметлив за да го стимулира развојот на околината. Локацијата на проектот се наоѓа на главната оска на зградата на Конзерваториумот за музика и локалниот телевизиски канал на градот. Во непосредна близина на парцелата, утврден е дистрикт или зона за најважните инвестициски компании на Узбекистан.
Спротивно на традиционалната тектоника на градбите која се гледа во градот, предлогот на дизјанерското студио „Rggа“ нуди концепт на зграда која генерира разни јавни простори, предлага променлив простор околу зградата и создава пристапни области од секоја точка од зградата. Целиот дизајн се базира на пет главни циркулациски сегменти кои во систематски распоред им овозможуваат на посетителите лесно да се движат и корисниците да бидат достапни насекаде низ овие сегменти. Главните функции на Tashkent DiamondMall се состојат од продавници, игралишта, спортски терени, канцеларија и лоби, паркинзи, канцеларии дистрибуирани во две кули и отворени “зелени тераси” во привремените подови. Концептот содржи две згради од по 22 катови, при што на средната и на врвот од секоја кула се предвидени зелени градини.
Внатрешните простори во зградата и празнините кои се издигаат до таванот се балансираат пропорционално со функциите на објектот. Најважниот принцип е со цел дизајнот да ја направи секоја точка на зградата достапна за корисниците. Во таа смисла, може да се прочита дека структурата е отворена под фрагментираните покриви, кои се означуваат како „подиумски подови“ на 18-тиот кат. Областа обезбедува 360 степени прегледност за корисниците и ги исполнува критериумите за пасивна климатизација. Сите канцеларии се наоѓаат во двете кули. Двата спрата што ги делат двете кули, се наоѓаат на средните 21 и 22 спрата и имаат отворени „зелени тераси“, а исто така ја намалуваат густината на блоковите.
Архитектонскиот јазик на Ташкент DiamondMall е поделен на парчиња за да предложи холистичка структура и избалансиран со специјалниот материјал за обложување кој сјае како дијамант и каде што се користат колку што е можно повеќе стаклени површини. Во суштина, тоа е најважниот и најпрепознатлив дел на трговскиот, со вака поставениот материјал, да поддава впечаток на голем дијамант, посебно кој доаѓа до израз од далечина. Истиот архитектонски јазик се продолжува како дијагонална форма во канцелариските блокови со помош на конкретен структурен систем за кадрирање. Структурата, која ја штити својата уникатна текстура и се изложува на различни архитектонски јазици е дизајнирана со користење на различни камени материјали во шопинг блокот за да се нагласи влезот на зградите и да се разликува нејзиниот единствен изглед низ целата структура.
Првичната вредност на проектот е 80 милиони евра, но вистинската вредност ќе биде позната за некој месец. Стартот на градбата е предвиден за почетокот на 2019 година.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Име на проектот: Tashkent DiamondMall
Локација: Ташкент, Узбекистан
Клиент: Бизнис дистрикт на Ташкент
Програма: Продавнице, канцеларија и лоби, отворен-затворен паркинг, игралишта, спортски терени, отворени области за социјална намена
Вкупна површина: 373.372,48 м2
Дизајн: 2018
Студио: rggA