Во турскиот град Малатија пуштени се во сообраќај два розови тролејбуси, кои се наменети само за жени.
„Хуриет дејли њуз“ пишува дека новите превозни средства предизвикале жестока полемика меѓу жителите на градот, како и во цела Турција. Некои воведувањето на тролејбусите го оквалификуваа како „полов апартхејд“.
На првиот ден кога почнаа да се движат тролејбусите, мажите на постојките, кои не беа известени за промената, беа шокирани од фактот дека не можат да се возат во нив.
Некои жени беа задоволни од мерката, додека други ја оценија како дискриминација.
Двата тролејбуси, специјализирани само за жени, се движат по осум пати дневно. Возачите во тие превозни средства, исто така се жени.