Насловна / Вести / Во Турција завршен соларниот парк од 1,35GW – еден од најголемите на светот

Во Турција завршен соларниот парк од 1,35GW – еден од најголемите на светот

Кога во 2017 година, компанијата Kalyon Holding победила на првата аукција за проектите за соларни електрани во Турција  YEKA-1 GES, со својот партнер  Hanwha Group, оваа земја имала едвај 3,5 GW инсталиран капацитет во фотонапонски електрани. Тогаш Kalyon Holding добива договор со државата за фотонапонска електрана од неверојатни 1,35 GW во областа Карапинар.

turkishsolar1

turkishsolar2

Турција е на пат оваа година да достигне вкупно 10GW, a изградбата на соларниот парк во Карапинар само што е завршена, па постројката ќе биде пуштена во погон до крајот нa месецот. Се наоѓа во централна Анадолија и е една од 10-те најголеми на светот. Брои вкупно 3,5 милиони фотонапонски панели. Челниците на компанијата тврдат дека годишното производство ќе може да ги задоволи потребите на два милиони жители на Турција. Локацијата се простира на површина од 1.920 хектари, а изградбата започнала во 2020 година.

turkishsolar3

Испрати коментар

Scroll To Top