Турската компанија Red Yacht Design го представи прототипот на еколошка супер јахта долга 65 метри. Елегантниот луксузен брод содржи базен, хелидром и сопствен брод за поддршка кој може да ги превезува патниците во истражувачки мисии. Исто така поседува и сместување за 10 луѓе, бар на отворено и многу сферни затворени прозори кои овозможуваат продирање на природна светлина. Јахтата има еколошки мотор кој развива брзина од околу 35 km/h. Цената ан оваа јахта како и датумот за излегување на пазарот сеуште не се објавени, но с еочекува тоа да биде во текот на годината.
“Главната цел со овој дизајн ни беше фокусот на природната светлина, и припаѓањето на морето и природата“, велат од компанијата Red Yacht Design. Јахтата има 475 квадратни метри отворен простор. Се користат исклучиво “зелени“ технологии, а трупот има исклучително мазна површина со цел намалување на отпорите и потрошувачката на енергија.