Цената на земјиштето во Токио е исклучително висока, а притоа постои регулатива според која е дозволено да се градат максимум 12 квадратни метри по член на домаќинство, што значи дека ова петчлено семејство би можело да има куќа од најмногу 60 квадратни метри. Меѓутоа, во Јапонија, под корисна станбена површина се рачуна смо простор сместен под кров, што ова петчлено семејство го искористило на итар начин.
За да го „измами“ законот, семејството одлучило да живее во куќа без покрив над зоната на дневната соба, што е скоро половина од куќата, и со тоа си обезбедиле поголема квадратура на куќата.
Дневна соба без кров
Проектот на оваа необична куќа, која според документите има само 57 квадратни метри, го потпишува бирото Yoshitaka Suzuki and Associates, кое ја проектирало така што од улицата куќата изгледа како останатите соседи, додека внатрешноста е сосема поинаква, пишува ArchDaily.
Гледајќи ги основите на двоспратна куќа, може да се каже дека нејзината организација на просторот е едноставна и вообичаена, се доделка не ја видите основата на кровот и фотографиите и сфатите дека над дневната соба не постои кров.
Секојдневниот живот во куќата е изложен на небото и целосно е насочено кон моменталните климатски услови. Бидејќи кровот не постои, дождот, снегот, ветерот можат да навлезат во внатрешноста на куќата, а и бубачките исто така можат да ја посетат куќата. Сепак, ова семејство ужива секој ден и го гледа животот дома како авантура.
Во куќата со чадор
Се разбира, не е сè толку изложено. Благодарение на подвижните застори, внатрешноста на куќата може да биде заштитена од дожд или сонце. Сепак, постојат и ситуации кога децата трчаат на дождот под чадори, додека во тек на жешките денови поставуваат базен среде дневната соба. За време на летните ноќи, во вреќи за кампување и покрај огнот уживаат со пријателите под отворено небо.
Половен мебел
Парот бил посветен и на дизајнот на ентериерот, па првичните скици ги направиле сами. Тие исто така сакаат сами да прават мебел, купувајќи често половни парчиња мебел, кои ги преработуваат според своите потреби и естетика.