Во Тетово е пуштен во употреба обновениот „Жена парк“, кој се наоѓа во близина на автобуската и железничката станица. Инвестицијата изнесува 10 милиони денари.
Според градоначалничката Теута Арифи, ова активност е продолжување на филозофијата на локалната власт за зачувување и проширување на зелените уредени површини низ општината.
„Тетовци имаа многу лошо мислење за овој парк во минатото бидејќи беше целосно запоставен, но сега со инвестиција од околу 10 милиони денари заеднички средства на општината, Бирото за регионален развој и Полошкиот плански регион добивме поголема обновена зелена површина со разна нова урбана опрема како клупи и реквизити за игра на децата. Овој парк ќе им биде на располагање на граѓаните 24 часа, а ќе биде и за цело време соодветно обезбеден со служба која ќе се грижи и за негово одржување, како на реквизитите така и на редот и мирот“, рече Арифи.